Ова се нашите шампиони – децата со Даунов синдром ќе трчаат за да соберат пари за доопремување на дневниот центар

by fokus
На 24-ти март во Скопје по трет пат ќе се одржи Хуманитарна трка за деца со Даунов синдром. Организатор на настанот е мечувалечки клуб Ескрим, а средствата собрани од котизациите ќе бидат искористени за доопремување на дневниот центар за лица со Даунов синдром.
Хуманитарната трка за деца со Даунов синдром се одржува по повод Светскиот ден на лица со Даунов синдром и ќе се случи во Градски парк, со почеток од 11 часот.
Од организацијата веруваат дека настанот ќе прерасне во традиционална манифестација која ги поддржува лицата со Даунов синдром, бидејќи секоја година се вклучувале се повеќе лица со поддршка. Порачаа дека храброста на овие млади луѓе треба да биде негувана од секој аспект на нашето општество, бидејќи тие се наши шампиони.
Вики Клинчарова

Поврзани новости