833
Две илјади и некоја со татко ми на Водно
со очи невини и џебој полни долгови
А таму долу, градот ко во школка бисерна
мирно дише, прашина.
Низ шепотот на цигли слушнав:
Сине, погледни, и што да биде, запомни:
Ова е само наше Скопје, барок ни е сѐ
и сѐ дури сме живи ќе го плаќаме.
Ова е само наше Скопје тука ни е сѐ
овде сѐ дури сме живи, долг ќе враќаме.
На четири сметки проверив
не е грев да се жалам што
под триста проекти мојва влада заспала
А, само еден град на светот
има улици со нов асфалт пред избори
и само мојот град, знам,
ќе ме прими в прегратки
сметка штом му застуди.
Ова е само наше Скопје, барок ни е сѐ
и сѐ дури сме живи ќе го плаќаме
Ова е само наше Скопје тука ни е сѐ
овде сѐ дури сме живи долг ќе враќаме.