Ова е пораз за правото, вели адвокатот на Мијалков

by Fokus

Адвокатот на Сашо Мијалков, Љупчо Шврговски по денешната пресуда за „Титаник 2“, за која Мијалков доби две години затвор, истакна дека не е воопшто задоволен од пресудата.

„Ова е пораз за правото и правната држава. Ова укажува дека ваквата пресуда не може да ја издржи правната критика на одбраната. Сметаме дека Апелацискиот суд ќе ја прифати жалбата и или ќе ја укине првостепената пресуда или ќе закаже главна расправа на која што мериторно ќе одлучи по овој предмет. Надвор од памет е дека ние купуваме време. Самата пресуда на Апелација јасно кажува дека тука нема дело за ниту еден од обвинетите, рече Шврговски.

Поврзани новости