Ова е најкатастрофалниот проект кој ни го остави претходната влада, рече Сугарески за автопатот Кичево-Охрид

by fokus

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, на денешната собраниска седница на која се расправа за анексот за изградба на автопатот Кичево-Охрид, рече дека се работи за најкатрострафален проект наследен од претходната власт.

Со анкекс на договорот со кинеската фирма „Синохидро“ се предвидуваат дополнителни 187 милиони евра. Како што рече Сугаревски автопат нема да има доколку Собранието не го усвои анексот.

-Проектната документација нема врска со реалноста на терен, ниту со пристапни патишта, ниту со свлечишта, клучки или пристапни патишта. Ова е најкатастрофалниот проект кој претходната влада и го остави на оваа влада – рече Сугарески.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ реплицираат дека Агенцијата за патишта може поевтино да го изгради автопатот и тврдат дека анексот на договорот е криминален.

Поврзани новости