315
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел не води само сопствена војна против палестинската милитантна група Хамас. „Тоа е и цивилизациска битка против варварството“ порача тој.
„Ако цивилизацијата не надвладее, ќе надвладее варварството, а тоа е вашата битка“, рече Нетанјаху за време на средбата со бугарскиот премиер Николај Денков во Ерусалим, пишува „Тајмс оф Израел“.
Нетанјаху го нарече Хамас „најдивиот непријател што сме го виделе по холокаустот“.
Денков се согласил дека е неопходно „да се искорени Хамас“, а повикал и ослободување на заложниците и присуство на Црвениот крст во Газа.
Тој посочи дека светот е „загрижен за тоа што се случува во Газа“ и дека е важно да се обезбеди хуманитарна помош.