За само два дизелот поскапе за 18.5 денари, а бензините за 11 денари. Оваа честитка на Ковачевски до народот е грабеж. Повисоките цени на бензините се израз на неспособната влада да изменаџира со кризата, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ за новото поскапување на горивата.
-Тие самите признаа дека знаеле пред 4 месеци за избувнувањето на војна и не направија ништо да го заштитат стандардот на граѓаните. И додека ова се случува, непродуктивните трошења на владата продолжуваат, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Цената на дизел горивото од ноќеска на полноќ се зголемува за 8,5 денари за литар, а бензините поскапуваат за 3,5 денари, одлучи доцна вечерва Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со оваа одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 6,88 отсто.