Отворена сметка за донации за потрагата на Мартин

by fokus

Иван, кој по 20 часа беше спасен во Грција, отворил сметка за помош за собирање средства, кои ќе бидат употребени во потрагата на неговиот другат Мартин.

„Во име на семејството на Мартин кои се во активна потрага, отворив наменска донаторска сметка за собирање на средства. Доколку сте во можност, би ве замолил за ваша донација за што побргу да ја завршиме оваа потрага и да им го олесниме товарот на неговата фамилијата“, објавува Иван.

Сметката за донации од Македонија е следна:
200003989311717
Стопанска Банка АД Скопје
Цел на дознака: Донација за Мартин
Шифра на плаќање : 562

Сметка за донации од странство:
IBAN : MK07200003989312202
SWIFT CODE : STOBMK2X
Stopanska Banka AD Skopje

Грчките спасувачки екипи заедно со волонтерите и денеска трагаат по 31-годишниот Мартин, кој пред пет дена исчезна во водите на Егејското море, кај малото место Посиди на Халкидики. Иако заврши законскиот рок од 72 часа за потрагата, по апелите на семејството и во договор со македонското и грчкото МНР, сепак потрагата продолжува.

Грчките медиуми јавуваат дека се вклучени два воздушни дрона на спасувачката екипа ОФКАТ, куче спасител со дресер. Во исто време ќе продолжи и потрагата по крајбрежјето, во случај Мартин да успеал да исплива до копното.

Дронот ќе пребарува област кон Аја Параскеви бидејќи е недостапна и не може да се стигне со подводниот дрон.

Поврзани новости