1.1K
Полициски инспектори од одделот за борба против организиран криминал и корупција на МВР претпладнево вршат претреси во веледрогеријата Пановски, дознава Телма.
Истрагата која е во надлежност на Обвинителството за гонење на организиран криминал е насочена кон паралелниот увоз на лекови. Покрај веледрогеријата Пановски со истрагата се опфатени и други веледрогерии увозници на лекови.
Истражните органи ги проверуваат сомнежите дали се увезувани фалсификувани лекови кои се дистрибуирале во јавното здравство. Се проверува документација за увоз на лекови пред се од Турција, дознава Телма.