Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторил кривично дело –Убиство според член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот, на 25 септември, на свиреп начин лишил од живот една жена, нанесувајќи и многубројни убоди со нож.
Тој од дома зел кујнски нож и знаејќи го патот по кој оштетената се движи кога оди кон работа, ја пречекал и и задал повеќе убодни рани во пределот на градите, стомакот, вратот и рацете.
Од повредите, жртвата починала на лице место.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кочани достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Судијата го прифати предлогот и со решение му определи притвор во траење од 30 дена.
Телевизија „Стар“ објави дека убиецот од Кочани во полицијата се однесувал како ништо да не се случило, а во кумановскиот затвор се’ уште не побарал ниту вода, ниту леб.
Извештајот е дека тој „не разговарал со никого, ниту пак одговарал на прашањата од истражните органи“.