По отворањето на донаторска сметка, сега е отворен и телефон за донации за 11-годишната Матеа Стаменова од Неготино. Девојчето на 13-ти август треба да биде оперирано во Универзитетската болница Свети Иван Рилски, во Софија, Бугарија, а за операцијата се потребни 7.000 евра.
Како што раскажува таткото на Матеа, Игор, станува збор за итна хируршка интервенција за отстранување на циста на десната хемисфера на мозокот.
Тој е благодарен на сите хумани граѓани кои досега донираа за лекувањето на неговата ќерка, како и на организаторите на хуманитарните настани во градот, со цел што е можно побргу да се дојде до потребната сума.
Мајката на девојчето починала пред повеќе години од тешка болест, па самохраниот татко со помош на блиски роднини и пријатели, се бори за здравјето на своето дете.
Сите кои се можност, можат да донираат на телефонскиот број 143 414-Телеком, или на донаторската сметка 210 00000688642, со назнака донација за Матеа Стаменова.
Вики Клинчарова