2
На 30 километри од Кавадарци, од денеска почна со работи нов ски-центар на планината Кожув. Зимско-рекративниот пункт „Михајлово“ сместен на 1.300 метри надморска височина, нуди ски-лифт и патека долга 400 метри.
-Ова е исклучително голема можност за кавадарчани, но, не и само за кавадарчани. Од сите краеви на државата ќе дојдаѓаат да уживаат во овие прекрасни природни убавини и да се рекреираат. Навистина би сакал ова да биде само еден почеток, а понатаму уште повеќе да се развива и самото место и регионот, затоа што самата планина и сето ова што е околу оваа ски-патека е природна реткост – рече премиерот Христијан Мицкоски.