Скопското обвинителство оформи предмет по допрен глас за инцидентот што беше објавен вчера на видео на кое се гледа како непознато лице навредува група туристи за кои смета дека се од Кина, пцуе и им вика „Коронавирус, мрш од тука“.
Од обвинителство за Фокус велат дека се преземаат наредби за да се утврди од каде потекнува записот и кое е лицето кое вреѓаше и снимаше.
– За настанот за кој покажувате интерес Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет во допрен глас. Во моментов се преземаат дејствија и се издаваат наредби за да се утврди од каде потекнува видео записот и да се идентификува лицето кое е снимено како вербално ги напаѓа странските државјани
Туристите кои вчера беа вербално нападнати во центарот на Скопје, дошле од Јужна Кореја и како членови на невладина организација и во училиштата во Свети Николе држеле предавања за мир и пријателство, објави градоначалникот на Свети Николе, Сашо Велковски.