Отворен најголемиот Дино парк на Балканот – 41 диносаурус во природна големина (Галерија)

by fokus

Од денеска граѓаните ќе можат да го посетат Дино Паркот, кој според градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов е најголем на Балканот. Паркот е отворен за посетители од 9 часот наутро до 21 часот навечер, а цената за влез е 50 денари.

Дино паркот е составен од 41 фигура на диносауруси од два периода креда и јура кои се интерактивни, се движат, пуштаат крици и од тој аспект гледано тоа е најголемиот Дино парк на Балканот. Од аспект дека е посебно ограден со посебно зеленило, го прави овој парк најголем зелен Дино парк во Европа.

Инвестицијата изнесува 350 000 евра, средства од буџетот на Град Скопје кои многукратно ќе се вратат, имајќи го предвид и комерцијалниот момент кој ќе владее во паркот, рече Шилегов.

Поврзани новости