Отворен гроб стои во црква во делчевско

by fokus

Отворен гроб во дворот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во делчевското село Трботивиште, предизвика вознемиреност на тамошните жители. Гробот, како што информираа мештаните е ископан за да биде вечно почивалиште на свештеник, кој како што велат ниту бил поп, ниту живеел во селото.

-Јас кога ќе излезам од вратата на мојот дом, право гледам во гробот и во ископаната дупка. Не е убаво, ова е црква, луѓе доаѓаат овде за крштевки и венчавки, а на влезот има две дупки. Едната дупка ја ископаа, но не ја вратија земјата, а другата е бетонирана, вели жителка на село Трботивиште.

Свештеникот кој се уште е жив и живее во Штип, со црковно одобрение, поднел барање до црквата по упокојувањето да биде закопан овде. Тој вели дека има одобрение за тоа, а случајот го потврдија и од парохијата во Тработивиште, од каде велат дека според документот, неговата желба не се коси со црковните канони.
-Според црковните канони, тој има доставено до мене документ од епархијата со кој може да се погребе во црковниот двор. Уште во старо време е дозволено свештениците да може да се закопуваат во црковниот двор, рече свештеник Васко Шонтевски.

Местото на мртвите, според мештаните е на гробиштата, а не во црковниот двор. Уште помалку во црковниот двор, место треба да резервираат живите, додаваат тие. И покрај ова, селаните со големо вознемирување влегуваат во црквата и бараат итно потрупување на ископаните дупки. МИА

Поврзани новости