Отворен Балкан: Ковачевски, Вучиќ и Рама ќе одат во Италија на саем за вино

by Fokus

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ на 2 и 3 април 2023 година ќе ја посети Република Италија, каде ќе се сретне со премиерот на Република Албанија, Еди Рама и со премиерот на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски како дел од иницијативата за соработка Отворен Балкан, соопшти кабинетот на српскиот претседател.

Најавено е дека по средбата тројцата лидери ќе го посетат меѓународниот саем за вино „VINITALY 2023“ во Верона и заедно со министерот за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија, Антонио Тајани ќе го посетат заедничкиот штанд на кој бројни излагачи од земјите членки на иницијативата Отворен Балкан ќе ги претстават своите вина.

Вчера премиерот Ковачевски во Белград ја најави посетата на саемот за вино во функција на унапредување на економиите и зголемување на меѓународниот рејтинг на трите држави.

Поврзани новости