Отворање на рудник ќе доведе до насилни судири и дестабилизација, порака од протестот во Струмица

by fokus

Нема да се отвори рудник зашто тоа ќе доведе до отворени насилни судири и дестабилизација на државата, порачаа демонстрантите на денешниот протест во Струмица против одлуката на владата да ги спои концесиите и да дозволи да профункционира рудникот „Иловица“.

-Само народ ќе го сопре овој рудник. Тоа се случува денес. Нема да има рудник. Влада, премиер, министри, политичари, судии корумпирани, 30 години понижување делби, крадење на се што можеше да се краде, посегнавте по воздухот, водата, почвите! Решивте измачениот земјоделец да го докусурите, нашите чесни и намачени земјоделци, луѓето со земја под ноктите кои ги вадат најчистите пари, кои работат како мравки, ја полнат кошницата со највкусните плодови посегнавте по струмичка котлина, рече Милена Зафирова, претставничка на иницијативата „Здрава котлина“.

На собирот во Струмица се појавија и министерките за животна средина и труд и социјала, Каја Шукова и Јована Тренчевска.

Поврзани новости