550
Поради отсуство на членот на Судечкиот совет, судијата Огнен Ставрев одложено е денешното рочиште во Кривичниот суд во Скопје за предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство.
Од Кривичниот суд информираа дека Ставрев бил отсутен поради отворено боледување.
Во судот денеска дојдоа сите обвинети со исклучок на поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство. Новото рочиште е закажано за 19 август.
Освен Груевски, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.
Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.
Предметот, кој го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Лиле Стефанова.