Отстранети стотици профили со дезинформации за вакцини

by Fokus

Фејсбук соопшти дека се отстранети стотици профили поврзани со мистериозна рекламна агенција што се обидува да им плати на инфлуенсери на социјалните мрежи за да ги оцрнат вакцините против Ковид-19 на Фајзер и на АстраЗенека.

Група од 56 профили на Фејсбук и 243 на Инстаграм беа пронајдени во рекламната и маркетинг агенција Фазе, која работи од Русија за непознат клиент. Групата користеше лажни налози за да шири погрешни наводи кои ја оспоруваат безбедноста на тие вакцини. Профилите беа насочени кон Индија, Јужна Америка и, во помал степен – во САД, користејќи неколку социјални платформи, како Фејсбук и Инстаграм.

Поврзани новости