758
Од Канео е отстранета нелегална кафеана која со бетонски ѕид беше навлезена во Охридското Езеро, објави советникот во Владата, Христијан Ѓорѓиевски.
„Продолжува ослободувањето на Охридското крајбрежје! Од Канео отстранета нелегална кафеана, навлезена во езеро со бетонски ѕид, под самата црква. Просторот вратен на Охриѓани!“, напиша Ѓорѓиевски на Твитер.
Ова е продолжение на акцијата за отстранување на урбана опрема и бесправни градби во Охрид кои се надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план.