734
Откако вчера беше објавено дека на една од патеките на Водно е поставена бодликава жица, која би претставувала опасност за рекреативците, истата денеска беше отстранета.
Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје и Инспекторатот на Град Скопје ја тргнаа жицата и поставија ознаки за да се спречат можни повреди.
Според првичните информации, како што објавија од Град Скопје, се работи за приватен имот и ќе се утврдува кој и со која причина ја поставил жицата.