Многу отровна зелена мамба долга два метри побегнала од кафез во Холандија.
Полицијата ги предупреди жителите на малото гратче Тилбург на југот на земјата да останат дома и во никој случај да не се обидуваат да ја фатат змијата. Сопственикот на мамбата, претходната вечер пријавил во полиција дека му недостасува една змија.
Полицијата објави фотографија од завитканата зелена мамба.
– Змијата е многу опасна. Каснувањето на зелената мамба е исклучително отровно. Во случај на каснување важно е веднаш да се побара лекарска помош – соопштија од полицијата.
Тие исто така истакнаа дека зелената мамба нема да нападне без причина и дека ладнокрвниот рептил веројатно нема да излезе на отворено за време на студената холандска зима.
„Сака темни и топли простори. Ако ја најдете, ќе биде многу пасивна“, се вели во соопштението на полицијата.