0
Стотици вработени во американската Агенција за меѓународен развој (УСАИД) се испратени на неплатено отсуство, а некои се отпуштени откако американскиот претседател Доналд Трамп нареди замрзнување на американската помош ширум светот, објави денеска Ројтерс, цитирајќи неименуван функционер.
Извор на британската агенција рече дека одлуката влијае на околу 600 работници, кои наводно биле известени преку е-пошта во вторникот вечерта дека нивниот работен однос е прекинат.
Стејт департментот денеска објави дека, меѓу другото, ја запрел дистрибуцијата на „кондоми и други услуги за контрацепција во Газа“, програмите за чиста енергија за жените во Фиџи и планирањето на семејството низ Латинска Америка.