Отпуштен домаќин на училиште во Пекинг избоде 20 деца

by fokus

Дваесет ученици се избодени со нож во нападот кој маж го изведе денеска во Пекинг, соопштија кинеските власти.

Повредените ученици се префрлени во болница, а меѓу нив се и тројца кои се во тешка здравствена состојба, но не се животно загрозени.

Напаѓачот е уапсен, а инцидентот се случил во 11 часот по локално време. Кинеските медиуми наведуваат дека тој бил вооружен со нож, а очевидци тврдат дека имал и чекан в рака.

Директорот на училиштето им кажал на родителите дека осомничениот е незадоволен поранешен работник кој бил отпуштен, а работел како домаќин во училиштето.

Полицијата засега не ги откри мотивите за нападот.

Поврзани новости