Отпуштен диригентот на Минхенската филхармонија поради поддршка за Путин

by fokus

По ултиматумот кој градоначалникот на Минхен Дитер Рајтер му го даде на главниот диригент на Минхенската филхармонија Валериј Гергијев јавно да се огради од поддршката на Владимир Путин, што маестрото не го направи, тој доби отказ.

Според Њујорк Тајмс, Гергијев, и покрај повикот да го стори тоа, одбил јасно да ја осуди војната во Украина. Инаку, многу други културни институции во Европа ја прекинаа соработката со познатиот диригент.

Одлуките беа донесени брзо: 68-годишниот веднаш беше заменет со друг диригент на три концерти со Виенската филхармонија во познатата њујоршка Карнеги хол.

Поврзани новости