Отпуштен анестезиологот кој снимаше пациентки за ТикТок

by fokus

Анестезиологот кој во живо емитуваше видео од Одделот за гинекологија од тетовската болница е отпуштен од работа, извести министерот за здравство Фатмир Меџити на заедничка прес конференција со директорот на Клиничката болница во Тетово, Плумб Вела.

-Изразувам големо жалење што еден здравствен работник вака се однесувал и ќе направиме сè за во иднина да не ни се случи вакво нешто, рече министерот.

Директор Вела објасни дека инцидентот се случил на на одделението за киретажа каде тој работел како анестезиолог.

-Додека вчера јас бев во Скопје видеото ми го прати еден новинар. Штом го видов видеото веднаш дојдов во Тетово и јас лично, како директор на болницата, случајот го пријавив во полицијата, бидејќи станува збор за сериозна работа. За случајот бевме во постојана комуникација со Министерството и министерот, рече директорот.

Поврзани новости