Отпишани

by fokus

На партијашите им е доволно и половина милион да останеме се додека има привид на држава и на територија, а кога и народ ќе снема, можеме засекогаш да се отпишеме

Јанаки МИТРОВСКИ

Бидна и пописот кој требаше да го направи апостолот најомразена личност во државата. Свечено, небаре венчавка, во зградата на Филхармонија, Апостол ни соопшти дека сме наебале!

Државата масовно се празни, бегаат преку граница како знаат и умеат и Македонци, Албанци топтан цела преамбула. Само мала политичка клика собрана околу ДУИ и СДСМ тријат раце на овие резултати и си викаат- ќе ги цицаме уште долго!

Македонците изгубија најмногу, процентот падна под шеесетина проценти, но, со многу сомителни методи, и попишување на дијаспора, па и онаа која со децении е надвор од Македонија. Ова, комбинирано со фактот да македонската дијаспора го бојкотираше пописот, резултатите се очекувани.

ЕТНИЧКА ДРАМОЛЕТКА

Политичка одговорност, наместо да лаат, треба да сносат оние кои ступидно повикуваа на бојкот. Ништо на етничкиот Македонец не му вреди млатењето празна слама, те бил неважечки, те спротивен на меѓународни стандарди, сето тоа е безвредно во услови кога овие резултати ќе бидат официјални во следните најмалку десетина години.

Бројот на етничките Албанци во Македонија ама воопшто не се зголемил и тој е некаде околу дваесет и четири проценти. И зголемениот вкупен број Албанци е резултат во голема мера на парцијалниот бојкот на македонската дијаспора.

Пописот беше оспорен и од турската заедница, влашките партиии, Ромите како и дел од српските партии. Само ДУИ и СДСМ се задоволни а тоа по правило значи неволја за државата и особено народот.

Нашите партијаши многу не ги заболе за поразителните податоци од пописот кои не се врзани за редовната етничка драмолетка. Над двесте илјади претежно млади се иселиле само во последниве години, а и генерално населението ни е се постаро.

ПРИВИД НА ДРЖАВА

Тоа секако е директна последица на младите и способни кои си заминуваат, а остануваат повозрасните, од кои добар дел пензионери кои се условно речено товар за буџетот. Забрзано одиме кон фаза во која во државава ќе има се повеќе гладни усти за хранење, а се помалку работна сила.

Влегувањето на Хрватска во Шенген зоната негативно влијаеше на Македонија. Младите Хрвати чарето си го бараат по западна Европа, што отвара простор за нашите економски емигранти. Но, тоа доведува до недосатиг на работна сила која е се повидлива.

Во контакт со дел од бизнис сектор кој го застапувам, сум известен дека во Македонија недостигаат и општи работници, а квалификуваните одамна се во дефицит.

Македонија како држава е доведена до раб на егзистенција. Ќе има се помалку народ и, аналогно на тоа, се повеќе партијаши. Но нејсе. на партијашите им е доволно и половина милион да останеме се додека има привид на држава и територија, а кога и народ ќе снема, можеме засекогаш да се отпишеме!

Поврзани новости