Откриено зошто Каролина ги криеше деталите од свадбата

by Fokus
Свадбата на поп ѕвездата Каролина Гочева и магистарот по ликовна уметност, Михаил Корубин беше топ тема деновиве. Сите детали околу настанот успешно се држеа подалеку од очите на јавноста, па така се до последниот момент остана тајна локацијата на свадбата, изборот на венчаницата, бендот кој ги забавуваше гостите, па дури и самите гости.

За разлика од нејзините популарни колешки, кои радо ги споделуваа своите планови и детали од свадбите, раскажуваа еуфорично за венчаниците, кумовите, и организацијата, Каролина ја подготвуваше својата свадба во најголема тајност. 
Ексклузивно, првите фотографии во венчаница кои откриваа дел од атмосферата, беа објавени од страна на нејзниот девер, помладиот брат на Михаил, Дамјан Корубин, кој е сопственик на порталот ,,Дивиан Артс’’.Станува збор за портал, кој ја промовира целокупната македонска ументост, од театар, мода, балет литература и слично. Првите фотографии од свадбата беа најавени како ексклузива на порталот на деверот на Каролина, покрај честитката за среќен брак. Веднаш по нивното објавување, беа преземени и од останати медиуми, а гостите на свеченоста, дури потоа започнаа и самите да објавуваат фотографии споделувајќи дел од атмосферата. Порталот на деверот на Каролина постои од 2011 година и има освоено повеќе награди во категоријата ,,Мода и убавина’’.Каролина и Миахил беа во врска помалку од две години. На почетокот ја криеја својата љубов од јавноста, но по неколку месеци започнаа да објавуваат свои заеднички фотографии.

Вики Клинчарова

 

Поврзани новости