Принцот Хари и Меган Маркл за расистичките коментари со кои се соочија пред раѓањето на нивниот син Арчи првпат проговорија во интервјуто со Опра Винфри во март минатата година.
Не сакаа да го откријат името на личноста која ги дала расистичките коментари, бидејќи, како што тврдела Меган, тоа многу ќе и наштети на нејзиниот углед, а сега е откриено за кој член на кралското семејство станува збор.
Новата книга на авторот Том Бауер го открива името кое Меган не сакала да го каже јавно.
Според пишувањето на странските медиуми, втората сопруга на принцот Чарлс, Камила, наводно на самиот Хари му рекла дека би било смешно неговото неродено дете да има „црвена афро фризура“ за време на разговорот што го имале со семејството во 2016 година.
Откритијата до кои дошол Бауер стигнале и до Камила, а извори блиски до војвотката од Корнвол ги нарекоа тврдењата „тотални глупости“.