Рускиот опозициски политичар Владимир Кара-Мурза е префрлен во нова казнена колонија во областа Омск во Сибир, каде е во најстрога изолација од другите затвореници, пишува „Нова газета Европа“.
Весникот наведува дека тој и пишал на својата адвокатка Марија Ајсмонт дека бил испратен во казнена колонија во Сибир затоа што не станал навреме, што, според него, властите го протолкувале како „злонамерен прекршок“, пренесува Ројтерс.
Тој исто така тврди дека сега е сместен во специјална казнена ќелија, позната по руските иницијали како ЕПКТ, каде што има најстрога форма на изолација од другите затвореници.
Кара-Мурза изјавил дека поентата на новата казна е „животот да не му биде сладок“.
Сопругата на Кара-Мурза, Евгенија, вчера на социјалната мрежа Х објави дека тој е префрлен од затворот во Омск, каде престојуваше од септември, и дека не се знае каде се наоѓа.
Кара-Мурза, кој страда од нервно пореметување, откако преживеа два напади со труење, беше осуден минатиот април на 25 години затвор за предавство и ширење „лажни информации“ за руската војна во Украина.
Тој ги негираше обвинувањата и ја спореди постапката „со сталинистичките судења од 1930-тите“.