735
Германската полиција откри тела на пет деца во зграда во западниот град Солинген.
Најтиражниот германски весник „Билд“ објави дека децата имале од една до осум години и дека станува збор за три девојчиња и две момчиња, а шестото дете, наводно, било пронајдено живо.
– Телата се пронајдени во приватен стан во станбена зграда, изјави полицискиот портпарол во градот Вупертал.
Според „Билд“, полицијата била повикана од бабата на децата која рекла дека нејзината 27-годишна ќерка ги убила и дека отишла со друго дете.
„Билд“ пишува и дека мајката, околу 14 часот, скокнала пред воз, 35 километри од местото на убиството, на главната железничка станица во Дизелдорф, и дека преживеала и била пренесена во болница со сериозни повреди.