Откриени и уапсени лицата кои му го запалија автомобилот на Шилегов

by fokus

МВР денеска соопшти дека биле уапсени тројца скопјани кои му го запалија автомобилот на поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов во март.

-На 27.04.2022, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Ј., С.Б., и С.Ј., сите од Скопје. По преземени мерки и активности е утврдено дека тие на 09.03.2022 во Скопје со запалива течност  предизвикале пожар во патничко возило „ауди Q5“, од кој биле зафатени три други возила –  „фолксваген пасат“, „нисан“ и „даеву матиз“.
Денеска, до Основното јавно обвинителство Скопје, против нив е поднесена кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност” по чл. 292, а во врска со чл. 288 од Кривичниот законик, се вели во соопштението од МВР.

На Шилегов на девети март рано утрото му изгоре автомобилот марка „ауди“, а освен неговиот, се запалија уште три возила – „пасат“, „матиз“ и „нисан“ .

Поврзани новости