Присуство на алкохол во крвта е утврдено кај 55 од вкупно 133 алкотестирани возачи, а еден возач одбил да биде тестиран, во полициската акција спроведена ноќеска од 23 часот до пет часот изутрина.
Преземени се и 55 мерки за прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила кон возачи, исклучени се 56 возачи од сообраќај, времено се одземени 55 возачки дозволи, издадени се 55 мандатни платни налози, еден прекршочен платен налог и откриени се 75 останати прекршоци.
Во текот на вчерашниот ден 80 возачи ја пречекориле брзината во населено место. Преземени се 80 мерки во врска со акциската контрола, издадени се 70 платни налози, два прекршочни платни налози, писмено опоменати се осум возачи, откриени се 32 останати прекршоци, издадени 17 платни налози и 15 мандатни платни налози, информира МВР.