Откриени 33 илегални мигранти во товарно возило во близина на Демир Капија

by fokus

Во близина на Демир Капија во паркирано товарно возило „Рено Мастер“ со скопски регистарски ознаки без возач, вчера се откриени 33 лица илегални мигранти од Пакистан.

Од МВР денеска информираат дека во 03.00 часот полициски службеници го забележале паркирано товарното возило и при контрола во делот за товар биле откриени мигрантите.

– Во 03.15 часот на околу 400 метри од возилото, на стариот пат Скопје – Гевгелија, полициските службеници забележале две лица за кои постои сомнение дека го управувале возилото. Тие биле приведени во Полициската станица Неготино. Се работи за лицата Б.С.(36) и Г.Т.(36), двајцата од Велес.  Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, стои во денешното соопштение од МВР.

Поврзани новости