Откриена дрога во канцеларија на министерка за образование во Белгија

by Fokus

Белгиската полиција пронашла дрога во канцеларијата на Каролин Дезир, министерка за образование во Валонија, (Белгија) регион каде мнозинството е француски јазик, објави Политико.

Во вторникот вечерта, Dernier Air првпат објави дека полицијата пронашла повеќе од 50 кеси со кокаин во канцеларијата на министерот за време на рација.

Јавното обвинителство во Брисел денеска потврди дека во кабинетот на министерката биле откриени наркотици и додале дека припадник на нејзиниот персонал бил уапсен и обвинет за продажба и поседување наркотици.

Во овој случај обвинети се уште осум лица за продавање и поседување наркотици, а двајца од нив се пуштени на условен отпуст. Дезире потврди дека слушнала дека асистент од нејзината канцеларија бил уапсен под обвинение за дрога на 13 декември.

Таа рече дека го отпуштила затоа што „ја изгубила довербата во него“, а потоа полицијата ја пребарала неговата канцеларија и „пронашла 50 вреќи бел прав“.

Поврзани новости