Јавниот радиодифузен сервис Кан објави дека открил документ што го оставиле терористите на Хамас по нападот минатата сабота врз јужен Израел, кој им наредува на борците да убијат што е можно повеќе цивили додека го заземаат градот Алоним.
Hamas combat protocol document reveals: they were instructed to kill Israeli civilians | Our reporter @eliorlevy with all the details@kaisos1987 | #KanIsraelstory pic.twitter.com/rTLdrcZlXy
— כאן חדשות (@kann_news) October 13, 2023
Пред палестинското милитантно движење Хамас да го нападне Израел, американската разузнавачка заедница постојано ја предупредувала администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден за зголемената закана од влошување на палестинско-израелскиот конфликт, јавува Си-Ен-Ен, повикувајќи се на извори.