Откопан гробот на Зоки Фаци

by Fokus

Откопан бил гробот на Зоки Фаци.

– Денеска (03.03.2025) во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на православните гробишта во с.Катланово бил ископан гробот на починатото лице З.В.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од МВР.

- Advertisements -

За немилиот настан на социјалните мрежи се огласи и познатиот јутјубер Стефан Лазаров, пријател на Зоран Василевски.

– Таман кога човек ќе помисли дека полошо не може да биде се случува ваква работа. Некој го откопал гробот на Зоки, претпоставувам барајќи злато или вредни работи… Па добро бе , остана ли малку човечност помеѓу нас луѓето, 6 месеци немаат поминато!! Какви се тие монструми што прават вакви работи, срамота! Случајот е пријавен од семејството на Зоки и се надеваат дека од Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme во најбрз можен рок ќе бидат пронајдени сторителите и ќе бидат казнети за во иднина да не се случуваат вакви одвратни дејствија…, пишува Лазаров.

Поврзани новости