Откажана посетата на Лавров во Србија

by fokus

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ја откажа најавената дводневна посета на Србија, планирана за денеска и утре, откако три соседни држави го затворија својот воздушен простор за неговиот авион. Покрај Бугарија, која е членка на ЕУ, и Македонија и Црна Гора не дозволиле прелет на авионот со кој Лавров требало да допатува, потврди портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Руската инвазија на Украина ја натера Европската Унија да го затвори својот воздушен простор за руските авиони, на што се придружија и бројни други држави.

Во исто време, Србија ги задржа пријателските односи со Русија и не ги поддржа западните санкции. Таа е силно зависна од рускиот гас, кој требаше да биде една од темите на разговорите помеѓу Лавров и претседателот Александар Вучиќ.

Поврзани новости