Останаа во Тел Авив 11 градежни работници од Македонија кои од Рамалах успеале да дојдат до израелската престолнина. Тие денеска требаше со летот во 12.50 часот да полетаат за Истанбул, но нивниот лет е откажан, објави СДК.мк.
Според информациите, тие се во контакт со македонскиот амбасадор во Израел.
Наводно, едниот од нив лично се слушнал со македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи, па шефот на дипломатијата го уверувал дека се прават максимални напори за нив и за другите македонски државјани заглавени во Израел да се вратат дома, во петок.
Се правеле напори со комерцијален лет да се соберат сите македонски државјани кои се пријавиле за евакуација, без да се прецизира точниот датум на тргнување/
СДК пишува дека 11-те градежни работници се сместени во хотел во близина на аеродромот во Тел Авив и сами купуваат храна и живеат во страв и неизвесност.