Откажала навигацијата на авионот со кој патувал Борисов

by Fokus

Авионот на бугарската Влада со кој патуваше премиерот Бојко Борисов беше мануелно приземјен на аеродромот во Софија, јави БГНЕС.

Авионот успешно атерирал и никој не е повреден.

При слетувањето на авионот откажал навигацискиот систем и пилотите не успеале да го рестартираат поради што морале да се префрлат на мануелен систем.

Поврзани новости