Откако средношколците решија да кампуваат пред МОН, експресно повикани на средба

by Фокус

Тројца претставници на Средношколскиот пленум се поканети на средба во МОН, само еден час откако почнаа со поставување на кампот пред зградата во која е сместено ресорното министерство.

Поради игнорантскиот однос од ресорното министерство, средношколците одлучија од денеска да спијат под отворено небо и ќе кампуваат пред МОН. Тие најавија дека бојкотот во училиштата продолжува, со тоа што учениците ќе ја бојкотираат наставата, а по завршувањето на часовите ќе се приклучат на кампот.

Поврзани новости