1.2K
Концертот на Владо Јаневски кој треба да се одржи во Македонска Филхармонија на 16-ти ноември се распродаде во рок од пет дена, откако влезниците беа пуштени во продажаба.
Организаторот на настанот, Авалон Продукција најавува и втор концерт на Јаневски поради големиот интерес на публиката. Истиот е закажан на 25-ти ноември, а влезниците по цена од 1.500 денари биле пуштени во продажба.
Од таму појаснуваат дека поради зафатениот распоред на Филхармонија голема била веројатноста овој концерт да биде последен од проектот ,,Златни години – Најдоброто од Владо Јаневски.
В.К.