369
Непознато лице се обидело да ја силува 21-годишната Турчинка, студентка во Гостивар, информираа од МВР.
Според полицијата, вчера во 03,20 часот во Полициска станица Гостивар, М.Ш.(24) пријавила, дека околу 03,00 часот на улица „Браќа Гиноски“, додека Е.Г.(21) од Р.Турција, студентка во Гостивар, се движела по наведената улица била пресретната од непознато лице кое насилно ја одвлекло позади зградата и откако не успеал да изврши обљуба над истата, и ја одзел чантата во која имала мобилен телефон и околу 600 денари, по што лицето го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.