Руската поп дива Ала Пугачова (73) се пресели во Израел, откако јавно ја критикувала руската воена акција во Украина, по што Москва го прогласи нејзиниот сопруг, ТВ водителот и комичар Максим Галкин за странски агент.
-Мојот сопруг е чесна личност, руски патриот кој сака напредок, мир и слобода на изразувањето во својата земја – напиша Пугачова на социјалните мрежи, повикувајќи го Министерството за правда и нејзе да ја стават на листата на странски агенти.
Таа им се заблагодари на обожавателите за поддршката, љубовта и способноста да ја разликуваат вистината од лагата.
Инаку, руската поп дива е на сцената веќе 55 години и има над 3,4 милиони следбеници на Инстаграм.
Како што пренесуваат РИА новости, против неа е покрената истрага поради дискредитација на руската армија.
Нејзиниот сопруг Галкин пак, има еврејски корени. Од почетокот на војната во Украина околу 24.000 лица од Русија се преселиле во Израел, а околу 35.000 лица чекаат потребна документација за отселување.
Вики Клинчарова