Откако денеска на Јутјуб се појавија четири снимки за кои се тврди дека се слуша гласот на Зоран Заев, тој се јави со саркастична реакција.
-После внимателно и детално размислување за тоа кој би бил мотивиран да ги пушти овие денешни разговори во јавност, конечно сфатив. Јасно е. Мора да е или Ацко Поповски, шефот на ПР на СДСМ или Марјан Забрчанец, шефот на ПР на Владата. Мора да е некој од нив двајца. Нема кој друг да е мотивиран да пушти вакви разговори во јавност. Тие се задолжени и тие најмногу работат за афирмација на нашите политики и ставови, напиша Заев на Фејсбук.
Во објавените разговори гласот за кој се тврди дека е на Заев вели дека не верува дека народот ќе гласа за ВМРО-ДПМНЕ (на изборите во 2016 година), споменува граѓански организации кои се под негова контрола и негира дека прислушуваните разговори му се дадени на Чаушот.