Откако Игор се пожали, Асоцијацијата за цистична фиброза се огради од него

by fokus

Откако вчера Игор Пехчевски, пациент со цисстична фиброза објави дека директорката на Детската клиника, Стојка Фустиќ му се заканила дека доколку продолжи да дава изјави за медиумите за него нема да има место во болницата, денеска Асоцијацијата за цистична фиброза се огради од неговиот став.

-АЦФ којашто ги застапува интересите на сите пациенти без никаков исклучок како и досега ќе продолжи да дејствува за обезбедување современа терапија за сите пациенти со цистична фиброза.
Во врска со најновите случувања и изјава на пациентот Игор Пехчевски, член на АЦФ, Асоцијацијата се оградува од лично изнесениот став на пациентот поврзан со лечењето и третманот кон него.
Воедно, како Асоцијација на пациенти немавме и немаме забелешки за професионалниот пристап и третманот од страна на здравствените работници задолжени за оваа специфична здравствена состојба. Напротив, токму заради професионалниот пристап, голема е почитта кон сите нив меѓу кои и професорката Стојка Фустиќ, особено затоа што е достапна во секое време, без разлика дали станува збор за празник или нејзин слободен ден.
Сметаме дека личното незадоволство на нашиот член Игор, потенцијално може да оди на штета на сите пациенти и на она што Асоцијацијата до овој момент успеа да го постигне, стои во соопштението од Асоцијацијата.

 

Поврзани новости