Откако го раскина договорот за ископ со „Марковски компани“, ЕСМ склучи нов со „Топлина“ по пат на преговори!

По поништувањето на договорот со „Марковски компани“ за ископ во РЕК Битола тежок 46 милиони евра, АД ЕСМ објави оглас за ангажирање на нов изведувач со скратени рокови и со значително омекнати услови во делот на референците и финансиската кондиција на заинтересираните понудувачи, а може да се забележат разлики и во однос на механизацијата. Додека трае оваа отворена постапка, државната компанија за производство на струја склучи договор за ископ на јаглен и јаловина со охридска „Топлина“. Овој 6-месечен договор, во вредност од 1,1 милион евра, е склучен во постапка со преговори, без претходно објавување на оглас.

by Фокус

Откако го раскина милионскиот договор за ископ на јаглен и јаловина во РЕК Битола со битолски „Марковски Компани“, државната компанија за производство на струја АД ЕСМ склучи договор за истата намена по пат на преговори, без објавување на оглас, со охридската компанија „Топлина“.

Според податоците од Бирото за јавни набавки, договорот за ископ во рудникот Брод-Гнеотино, со времетраење од 6 месеци, изнесува 70 милиони денари или над 1,1 милиони евра. Имено, договорот го добила „Топлина“ во конкуренција на уште една фирма, без да се наведе за кое друштво станува збор.

„Марковски компани“ за 5 години добилa тендери вредни над 150 милиони евра, но ЕСМ и го раскина договорот за ископ тежок 46 милиони евра!

Потребата произлегува поради тоа што РЕК Битола еднострано го раскина договорот со Марковски компани склучен за истата услуга, од причини што носителот на набавката покажа значителни и постојани недостатоци во исполнувањето на истиот, односно исполнувањето на Договорот беше неодговорно, нецелосно, неквалитетно и ненавремено.

Поради ваквите околности, РЕК Битола останува без ископ на јаглен и со тоа се намалува капацитетот од дотур на околу 90.000.000 тони јаглен на месечно ниво или околу 1.080.000.000 тони на годишно ниво. Заради континуиран дотур на јаглен од Брод Гнеотино и континуирано производство на електрична енергија, и зимски период во кој се наоѓаме, мора да се започне со постапка за склучување на нов договор“, гласи образложението на ЕСМ.

Како што веќе објави „Фокус“, откако ЕСМ го поништи договорот со „Марковски компани“ за ископ во РЕК Битола тежок 46 милиони евра, што беше вовед во изрекување на негативна референца за битолската фирма во сопственост на почесниот белоруски конзул во земјава, државната компанија за производство на струја објави оглас за ангажирање на нов изведувач, со скратени рокови.

Притоа, кога ќе се споредат двете постапки, произлегува дека тековната се спроведува со значително омекнати услови во делот на референците и финансиската кондиција на заинтересираните понудувачи. Исто така, може да се забележат разлики и во однос на механизацијата…

„Марковски компани“ заработи негативна референца, а ЕСМ распиша нов тендер за ископ со омекнати услови!

Поточно, новиот оглас за ископ на јаглен и јаловина во ПК Брод Гнеотино (РЕК Битола) е објавен на 13-ти декември оваа 2024 година, со краен рок за доставување на понуди до 2-ри јануари оваа 2025 година. Проверките што ги извршивме покажуваат дека во рамки на оваа отворена постапка се уште не е склучен договор, но во меѓувреме, како што веќе наведовме, е склучен договор во постапка со преговори, без објавување оглас.

Инаку, во огласот не е објавена проценета вредност на јавната набавка и се наведува дека претходно не е извршена проверка на пазарот. Всушност, отворената постапка за склучување на договор со времетраење од една година се спроведува со скратени рокови, поради „итни причини“. Како критериум за доделување на договорот за јавна набавка е најниска понудена цена.

Патем, се бара изјава за сериозност, додека банкарската гаранција е 5 отсто од вредноста на договорот. Воедно, се забранува здружување на група економски оператори во соодветна правна форма заради извршување на договорот по извршен избор на најповолна понуда. При утврдување на способноста на понудувачите, пропишани се низа критериуми.

Дополнително, во однос на 

Како што е познато, по промената на власта на последните избори, што донесе и промена во раководството во ЕСМ или поранешно ЕЛЕМ, државната компанија го раскина договорот со „Марковски компани“ поради неодговорно, нестручно и ненавремено реализирање на обврските. Станува збор за договор склучен лани, при што 10 отсто од работата им припаѓала на тројца подизведувачи, меѓу кои се две струмички компании поврзани со семејството Заеви„Сим инженеринг“ и „Јавор транс“. Третиот партнер, пак, е охридска „Топлина“, со која сега е склучен договор по пат на преговори.

-Носителот на набавката не ги испочитува предвидените обврски за одговорно, целосно, стручно, квалитетно, совесно и навремено извршување на задачите согласно техничката спецификација. „Марковски компани“ како ангажиран оператор со несоодветно постапување покрај тоа што во континуитет не успевал да ги испорача договорените количини на јаглен, директно ја загрозил енергетската стабилност на државата – рече директорот на РЕК Битола, Тони Петрушевски.

Веќе поништениот договор со „Марковски компани“ беше склучен на 13-ти февруари 2024. Официјалните податоци говорат дека „Марковски компани“ го добила тендерот вреден 2,8 милијарди денари во конкуренција на „Пелистер“ и „Гранит“. Впрочем, се работи за т.н. рамковна спогодба со времетраење од 18 месеци, или до август 2025, но никогаш нема да се исцрпи во целост откако договорниот орган реши да ја поништи.

Кога беше објавен огласот за оваа јавна набавка, исто како и во тековниот оглас, стоеше дека не е извршена проверка на пазарот, како и дека се бара банкарска гаранција од 5 отсто. Меѓутоа, за разлика од сега, тогаш беше наведена проценета вредност од 2,4 милијарди денари. Има ли други разлики меѓу двата огласи, односно во критериумите и условите меѓу двете постапки?

И во едниот и во другиот случај останува најниската цена како главен критерум, но има разлика во делот на економска и финансиска состојба. Ако во рамки на тендерот што го доби „Марковски компани“ се барало минималниот годишен приход на економскиот оператор да не биде помал од 600.000.000 денари во последните три години (2022, 2021, 2020), во тековната постапка се бара, како што веќе напишавме, 

Потоа, во претходната тендерска постапка се барало економскиот оператор да има извршено најмалку една услуга за ископ од минимум 1.000.000 тони јаглен или 8.000.000 кубни метри земјени или карпести маси или руда кумулативно за последните 3 години, додека во тековната постапка се бара 

Па, кога ќе се споредат стариот и новиот оглас, произлегува дека сега значително се омекнати условите во однос на финансиската кондиција на заинтересираните понудувачи, како и во однос на нивните референци, односно досега завршените работи од ист вид, но исто така може да се забележат разлики и во однос на механизацијата што се барала претходно и што се бара сега, т.е. во техничките карактеристики на машините. Останува да видиме со која компанија ЕСМ ќе склучи договор во рамки на оваа отворена постапка.

Влатко СТОЈАНОВСКИ

Поврзани новости