Српскиот композитор Зоран Марјановиќ пред околу еден час беше осуден на 40 години затвор за убиство на сопругата, фолк пејачката Јелена Крсмановиќ, кое го извршил во 2016 година.
Случајот будно го следат речиси сите медиуми во Србија, а по изрекувањето на пресудата, наместо како што беше најавено, дека Марјановиќ право ќе биде спроведен во затвор, на изненадување на јавноста која е насобрана пред судот во Белград, тој слободно си излезе на улица.
Со документи во рака, заедно со девојката Зорица, синот и братот, Зоран од судница замина во кафуле.
Од таму пак, следен од новинарите, со автомобил заминал кон својот дом во Борча.
Како што појасниле од српското МВР за Блиц.рс, првин требало да се достави решение за одредување на притвор до МВР, а дури потоа тие требало да го уапсат.
-Изработеното решение се праќа до одделот за потраги на МВР Србија, а потоа тие го извршуваат. Дури тогаш полицијата ќе дојде до Марјановиќ, тој ќе биде спроведен во притвор, а потоа во затвор. Се очекува тоа да се случи во наредните ден-два, објави медиумот.
Вики Клинчарова