432
Додека И.А. и Н.К од Куманово вчера се возеле со патничко моторно возило “Даеву Матиз“ биле следени од патничко моторно возило темно сина боја, со непознати регистарски ознаки, кое возело агресивно позади нив и цело време свирело.
„На крстосницата од ул.„Железничка“ и ул.„Индустриска“, И.А. го запрел своето возило и излегол од него, по што бил физички нападнат од страна на две непознати лица кои излегле од другото возило“, соопшти полицијата.
СВР-Куманово презема мерки за расчистување на настанот.