92
Мицкоски јавно ги призна средбите со Палчо, откако со денови молчеше и избегнуваше да одговори дали се среќавал со Љупчо Палевски, осомничен за убиствата што ја згрозија јавноста, соопшти СДСМ.
„Палевски, како што е познато, беше близок соработник на режимот на ДПМНЕ, јавно го поддржуваше Мицкоски, но и нивниот коалициски партнер Левица. Тие заедно беа дел и од насилните протести со гилотини и молотови коктели пред Собранието против Францускиот предлог.
Заедно, со ДПМНЕ и Левица, како дел од Бојкотирам беа против членството во НАТО.
Мицкоски сега да одговори што разговарал и договарал на средбите со Палевски“ порачаа од СДСМ.