490
Вицепремиерот Бујар Османи денеска ќе престојува во работна посета на Полска, во чии рамки ќе се сретне со шефот на полската дипломатија Јацек Чапутович, како и со државниот секретар за европски прашања Конрад Шимански.
Како што информираат од владиниот Секретаријат за европски прашања, оваа посета на Османи е дел од неговата европска турнеја во пресрет на октомвриските состаноци на Советот на ЕУ.
Тој вчера беше во посета на СР Германија, каде што од државниот министер за Европа, Михаел Рот, доби потврда дека германската Влада во целост ги поддржува европските интеграции на земјава и дека цврсто ќе застане за време на сесијата на Бундестагот во одбрана на позициите за старт на пристапните преговори во октомври.